Берни Еклстоун се сомнева дека во милионскиот грабеж е вмешан човек близок до ќерка му

Поранешниот шеф на Формула 1 Берни Еклстоун се огласи по повод грабежот во вилата на неговата ќерка Тамара, од каде бил однесен накит во вредност од 50 милиони долари.

„Ги немам сите податоци поврзани со истрагата, но ако го земеме  предвид осигурувањето кое го има Тамара, сигурен сум дека ова го има смислено некој од внатре. Некој кој ја познавал ќерка ми. Ужасно е тоа што се има случено и драго ми е што мојата Тамара со сопругот беа на пат кога се случил грабежот“, изјавил Еклстоун.

Вилата на Тамара била ограбена минатата недела од непознати сторители. Во грабежот биле однесено накит вреден повеќе од 50 милиони долари. Странските медиуми пренесуваат дека Тамара со сопругот и ќерката во тоа време тргнале на пат за Финска. Берни вели дека чудно е тоа што арамиите брзо се снашле иако вилата имала 57 соби.

Вилата се проценува на 80 милиони евра, а речиси на секое ќоше има безбедносни камери и чувари. Таа се наоѓа во делот на Лондон каде се наоѓаат и амбасади на разни земја, па оттука безбедноста е уште поголема поради честите полициски патроли.

И Тамара го дели мислењето на Берни и смета дека грабежот бил направен од човек кој ја познавал, кој ги знаел нејзините активности, планови и патувања, како и распоредот на просториите во куќата.

 

 

Scroll to Top