Новогодишна елка пред претседателската палата во Москва е украсена со повеќе од 1.000 украси, а нејзиното китење ќе заврши денеска, изјави претставничката на Кремљ, Јелена Крилова.
Новогодишните прослави за деца во Кремљ ќе се одржат по 20. пат, па одлучено е дрвото да се накити со украсите од сите претходни 20 години.
Според портпаролката, елката поставена на плоштадот пред претседателската палата, освен тие 1.000 украси, е накитена и со синџир светилки, долг повеќе од еден километар.
Дрвото е старо 90 години, високо е 25 метри и има распон на гранките од шест метри.
Инаку, детската прослава на Нова година ќе се одржи на 25 декември и на неа ќе присуствуваат над 5.500 деца од цела Русије, како и од Абхазија и Јужна Осетија.