Фудбалерот на англискиот клуб Арсенак, Месут Озил, ги платил операциите за 219 деца, чии родители немале пари за лечење. Озил вели дека неговата цел е оваа бројка да стигне до 1000.
„Веќе се направени 219 операции, но пред нас има уште многу работа. Како што ветивме со мојата сопруга сите пари што ги добивме на свадбата ќе ги потрошиме за плаќање на 1000 операции. Им благодарам на сите што внесоа свој удел во овој проект“, изјавил Озил.