Меган Маркл ќе го позајми гласот на „Дизни“, пишуваат светските медиуми. Британскиот магазин „Тајмс“ објави дека таа потпишала договор со компанијата да го позајми гласот, во замена за донација во добротворната организација за заштита на животните од ловокрадци „Elephants Without Border“.
„Дејли мејл“ пишува дека нејзиниот сопруг Хари е тој кој го замолил директорот на „Дизни“, Боб Ајгер, да ја ангажира Меган. Во јавноста излезе и снимка од премиерата на „Кралот лав“ во Лондон, во јули минатата година, во која Хари го убедува Боб дека Меган има идеален глас, кој може да се искористи за потребите на „Дизни“.
„Знаете ли дека таа умее да го позајми гласот? И таа е навистина заинтересирана“, му рекол Хари на Боб, на што принцот добил потврден одговор од Ајгер.
–