Најбрзиот стрелец на Светското фудбалско првенство, Хакан Шуќур, денеска вози такси во Вашингтон во САД. Турчинот кој е избркан од својата земја од страна на претседателот Таип Ердоган, за германските медиуми вели дека не може да има нормален живот во својата земја како голем број негови колеги.
„Ердоган ми зеде сè. Повеќе немам ништо на светот. Ми ја зедоа слободата, правото на говор, економската сигурност“, вели Шуќур, кој беше најдобар стрелец во најтрофејниот турски клуб Галатасарај.
Во 2002 година на Мундијалот во Јужна Кореја ја предводеше неговата репрезентација и стигна до бронзениот медал. Се прослави во дресот на Галатасарај и Интер, а денеска за да преживее продава книги и вози такси.
Шуќур беше миленик кај турските фанови, но влегувањето во политиката му го направила животот пекол. Почнал како член во партијата на претседателот, АКП. Тој сакал да ја искористи неговата слава, но проблемите почнале откако Шуќур јавно почнал да го критикува и да не се согалсува со неговите политики.
Поранешната фудбалска ѕвезда вели дека неговиот живот се променил преку ноќ. Имало ноќи кога непознати лица почнале да фрлаат камења и да ги кршат прозорците од неговиот дом. Неговото семејство, жена и деца добивале закани. Го уапсиле татко му и му го конфискувале имотот. Во 2016 година се нашол на црната листа на Ердоган.
Бил заведен како еден од оние кои го подготвувале државниот удар во Турција. Кога конечно се преселил во Америка, почнал да работи како пекар. Но и таму не бил оставен на мир. Непознати лица доаѓале му се заканувале и му пуштале турска национална музика.
Работата отишла дотаму што и неговите фанови, со кои Шуќур се сликал, кога ќе се врателе во Турција завршувале во затвор. Легендарниот фудбалер и покрај големата несреќа која го снашла во животот и понатаму верува дека еден ден во неговата земја повторно ќе завладее демократија и правда.
Тој му порачал на Ердоган дека мора да стане претседател од кој народот ќе има некаква корист.