Поранешниот голман на Шпанија и Реал Мадрид Икер Касиљас, се сретна со неговиот колега од репрезентацијата и голем ривал како играч на Барселона, Карлес Пујол.
Двајцата разменија сеќавања во кафич, а Касиљас објави и фотографија на „Твитер“.
„Доаѓа денот кога на маса можеме да ги коментираме старите „Ел Класико“, европските и светските првенства. И уште илјада истории што ни паѓаат на памет. Мое почитување сењор Карлес Пујол“.
Касиљас поради здравствени проблеми кои ги имаше со срцето, засега нема решено како ќе ја продолжи својата кариера. Тој најави дека во март планира што ќе прави понатаму во животот.