Македонскиот документарен филм „Медена земја“ сега можат да го гледаат и патниците што летаат со британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“. Ова го сподели на „Фејсбук“ новинарката Маја Петрушевска, која долги години живее во Лондон и работи во „Би-би-си“. Маја, која е сестра на глумицата Весна Петрушевска, објави слика со коментар дека филмот номиниран за Оскар им е достапен на патниците што летаат на меѓуконтиненталните летови.
„’Медена земја’ на долги летови на ‘Бритиш ервејс’“, напиша таа на „Фејсбук“.
За потсетување, доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во театарот „Долби“ во Холивуд. „Медена земја“ е номиниран во две ктегории, за најдобар документарен и за најдобар странски филм. На доделувањето на наградите ќе оди целата екипа на филмот, заедно со Атиџе.
(Видео) „Мајка ми се радуваше што ќе станам позната“, медената Атиџе ги чека Оскарите