„Медена земја“ може да се гледа и во авионите на „Бритиш ервејс“

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ сега можат да го гледаат и патниците што летаат со британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“. Ова го сподели на „Фејсбук“ новинарката Маја Петрушевска, која долги години живее во Лондон и работи во „Би-би-си“. Маја, која е сестра на глумицата Весна Петрушевска, објави слика со коментар дека филмот номиниран за Оскар им е достапен на патниците што летаат на меѓуконтиненталните летови.

„’Медена земја’ на долги летови на ‘Бритиш ервејс’“, напиша таа на „Фејсбук“.

За потсетување, доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во театарот „Долби“ во Холивуд. „Медена земја“ е номиниран во две ктегории, за најдобар документарен и за најдобар странски филм. На доделувањето на наградите ќе оди целата екипа на филмот, заедно со Атиџе.

(Видео) „Мајка ми се радуваше што ќе станам позната“, медената Атиџе ги чека Оскарите

Scroll to Top