ред две недели, принцот Хари и Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од кралските должности за да живеат самостојно во Канада. Но, според пишувањата на en24.news, Хари и Меган не отишле во Канада сами. Со нив бил и тим терапевти кои се грижеле за принцот, бидејќи тој, наводно, бил пред нервен слом. Според порталот, Хари се плашел дека Меган ќе го остави и ќе му го земе бебето. Не излегувал надвор од вилата со недели. Лекарите му препишале лекови против вознемиреност, а со Меган оделе на редовна семејна психотерапија, тврдат извори блиски до парот.
Според истите извори, Хари е подготвен да стори апсолутно сè за неговата сопруга, па затоа ја жртвувал кралската титула.
„За него ова е неопходен чекор и единствената надеж дека ќе го зачува бракот“, рекол изворот.
Но, кралскиот биограф и новинар Пени Џуниор не е оптимист дека Хари ќе биде среќен. Таа смета дека принцот е на „добар пат до самоуништување“, откако го напушти семејството во Британија.
„Меган беше несреќна и го повлече емоционално нестабилниот Хари со себе. Неговата одлука за преселба дополнително ја засили принцот Ендру. Тој му велеше на Хари дека покрај неговиот постар брат Вилијам, тој секогаш ќе биде ’втора виолина’ и дека ова му го кажува од искуство, како помал брат на принцот Чарлс“, рекла Пени Џуниор.