Дневен хороскоп за 28 јануари

ОВЕН

Ве очекува бурен период на работа. Односот со колегите ви е нарушен. Немојте да реагирате имплусивно. Обидете се да бидете одмерени. Посакувате нова љубов. Чувствителни сте кога станува збор за љубовта. Осаменоста е нешто кое ве мачи веќе подолго време. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

БИК

Денес не е претерано поволен ден кога станува збор за работата. Најдобро е да не склучувате нови договори. На љубовно поле работите се подобруваат. Можете да очекувате добар однос со партнерот. За оние кои се слободни, следуваат досадни денови. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вртоглавица.

БЛИЗНАЦИ

Ситуацијата на работа од ден во ден се подобрува. Новите вложувања ќе ви се исплатат. Во наредниот период судбината ќе ви биде наклонета. Можете да очекувате и интересен развој на настаните со личност која ви се допаѓа веќе подолго време. Внимавајте на здравјето и проблемите со циркулацијата во пределот на ногата.

РАК

Ве очекува шанса за напредок. Доаѓа време во кое целиот ваш труд ќе ви се исплати. Ве очекува интересно познанство преку пријател, кое многу лесно би можело да се претвори во нова врска. Со здравјето сè е во ред.

ЛАВ

Обидете се сериозно да им се посветите на вашите обврски и да бидете одговорни кога е во прашање работата. Чувствувате тензичност кога сте со вашиот партнер и не знаете како да ја подобрите ситуацијата. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА 

Решени сте да ѝ се посветите на работата и да завршите некои важни обврски. Не можете повеќе да одолговлекувате и сметате дека конечно треба да решите некои проблеми од минатото. Чекате на некаква реакција од личноста кон која имате силни чувства. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

ВАГА 

На работа ќе бидете напнати и нервозни. Постојано ќе бидете во некаков конфликт со вашите соработници и шефови. Спонтано ќе успеете да запознаете личност со која подоцна ќе влезете во љубовна врска. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

СКОРПИЈА

Сакате промени и чувствувате дека сте подготвени за нови деловни авантури. Ви се допаѓа личност која е повлечена во себе и тешко ги покажува нејзините чувства. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

СТРЕЛЕЦ

Денес ви е поволен ден за работа. Ќе успеете да ги реализирате плановите кои ги имате. Ќе остварите средба со личност со која ве очекуваат многу убави заеднички моменти. Ако сте зафатени, ве очекува период во кој убаво ќе се согласувате со партнерот. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

ЈАРЕЦ

До крајот на денот ќе направите целосен пресврт на работа. Можно е поголемиот дел од денот да бидете под голем стрес. На љубовно поле очекувајте да ви се врати љубовта од минатото. Ќе се чувствувате збунето и нема да знаете дали сакате да се смирите со неа. Потребно ви е време да размислите. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.

ВОДОЛИЈА 

Обидете се да ги исправите грешките кои претходно сте ги направиле на полето на работа, за некои работи подобро функционираат. Не сакате да се откажете од партнерот кој како да покажува дека сака да се раздели од вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со нозете.

РИБИ

Ќе направите сè што е во ваша маќ за да го добиете посакуваното унапредување. Чувствувате дека сега е моментот да ги остварите вашите цели и амбиции. Пред вас е поволен период за нови љубовни случувања. Во вашите животи ќе се појави нова личност во која ќе се заљубите. Внимавајте на здравјето и засилете ја консумацијата на шеќери.

 

 

Scroll to Top