Една од најпопуларните водителки во светот Елен Деџенерис позната е по своите забавни и хумуристични емисии во кои доаѓаат најголемите ѕвезди, но и обични луѓе. Во неделата требало да биде посебен ден. Требала да го прослави роденденот, а потоа со насмевка да отиде на доделувањата на наградите „Греми“.
Но, се случи нешто за кое не можеше ниту да сонува. Легендарниот Коби Брајант и неговата ќерка Џијана и уште седуммина патници загинаа во хиликоптерска несреќа.
Коби и Елен се познавале со години, а пред само неколку месеци ѝ гостувал во емисијата. Разговарале за кариерата, семејството, животот… И додека сите се простувале од ѕвезата, социјалните мрежи на познатата водителка не беа активни.
Еден ден по несреќата, Елен им се обрати на фановите. Таа се прости од Брајант, но и прати силна порака.
„Фала што дојдовте. Денес е понеделник, вчера беше недела. Ми беше роденден и доделувања на наградите ‘Греми’. Бев номинирана, но не освоив. Не е тоа поентата. Вчера требаше да биде славенички ден, но добивме трагична вест во врска со Коби Брајант“ – рекла Деџенерис и додала: „Тоа е нешто за што сакам да зборувам. Животот е краток и се крши и не знаеме уште колку родендени ќе прославиме. Токму поради тоа – не ти треба роденден за да славиш. Треба да го славиме животот“ – рекла водителката додека ги бришела солзите.
Во трогателниот говор Елен се заблагодари на својата публика. Им се заблагодари за секој миг што го поминуваат заедно. Им заблагодари и на тоа што чекаат за билети, што земаат облека за на телевизија, местат фризури. Ѝ се заблагодари на својата сопруга и додаде дека ја цени поради тоа што ја сака иако не освои Греми.
„Доколку не сте му кажале на некого дека го сакате, кажете му го тоа сега. Кажете им дека ги сакате. Јавете им се на пријателите. Пишете им. Прегрнете ги. Бакнете ги“ – заклучила Елен.