(Видео) Во Словенија отворен прв бордел со кукли

Јавната куќа Doll House во Сежана е првиот етички бордел во Словенија, затоа што таму нема да работат девојки и жени, туку кукли. Овој бизнис е целосно легален.

„Силиконските кукли од првиот етички бордел во Словенија може да изгледаат живи, да, но оддалечени 200 метри. Ако седнете до неа, малку е веројатно дека ќе ве залаже нејзиниот стаклен и тврд поглед, како на мртовец, и ако ѝ го фатите бедрото на оваа кукла, можеби ќе бидете изненадени од начинот на кој таа ги мрда прстите на нозете. Тие вибрираат, како трева на ветрот, а производителот ги засилил со материјал што имитира човечка коска“, е дел од впечатокот за куклите што ги опиша новинарот на „Јутарњи“ кој бил да го посети борделот.

„Ема е мулатка со црна виткана коса и големи гради, додека Викторија е ‘жена’ со блед тен, мали гради и долга руса коса. Има за секого по нешто во Doll House, но тоа не може да се потврди сè додека не се појави машка кукла во една од собите, како што ни најавија. Овие кукли се тешки како вистинско тело и кога ќе им се наполнат батериите, тие стануваат топли. Ако ги допрете на стратешките места исто така може да им се отргне воздишка на задоволство“, додаде новинарот на „Јутарњи лист“.

Клиентите со куклите ќе можат да сторат сè што можат со жена. Но, од хигиенски причини, тие ќе мора да користат кондом и да бидат внимателни за да не се повредат.

Scroll to Top