Дваесет и петгодишен британeц Конор Рид, наставник по англиски јазик од Велс, се заразил со смртоносниот коронавирус во Вухан пред околу два месеци, но тврди дека бил излекуван со „чаша топло виски и мед“. Рид, кој последните три години живее во Кина, а во последните шест месеци во Вухан, ја посети болницата на Универзитетот во Централна Кина поради тешкотии во дишењето и кашлање.
„Користев инхалатор за да ја олеснам кашлицата, и пиев варено виски со мед. Тоа е стар лек, но се чини дека ја заврши работата. Не сакав да пијам антибиотици пропишани од моите лекари, затоа што не сакав да користам лекови“, рекол тој за „Сан“.
Две недели откако бил отпуштен од болницата, дознал дека е заразен со вирусот. Тој додал дека британското Министерство за надворешни работи делувало „незаинтересирано“ кога им кажал за заразата.
„Тие упорно прашуваа дали сакам место во авионот за да ја напуштам земјата, а јас одговорив дека сакам да останам овде. Но, јас сум жив доказ дека коронавирусот може да се победи“, додал тој.