(Видео) Семејството на Ѓоковиќ го прославија успехот на тенисерот

Семејството на Новак Ѓоковиќ го прослави успехот на тенисерот на Австралија Опен. Освоениот пехар во Белград го донесе најмладиот брат на Ѓоковиќ, Ѓорѓе. Родителите го прославија успехот во нивниот ресторан во Белград.

Татко му Срѓан и мајка му Дијана го подигнаа трофејот и го бакнаа на ист начин како што тоа го направи Ѓоковиќ во Мелбурн. Ѓоковиќ кој го освои 78 трофеј во својата кариера, најавил дека во Белград ќе допатува за десетина дена.

 

Scroll to Top