Бред Пит не се појави на доделувањето на наградите БАФТА за да се смири со својот син Медокс, пишува „Меркјури њуз“. Медокс, кој студира во Јужна Кореа, минатиот викенд бил во Лос Анџелес, а Бред, наводно, ја искористил неговата посета за да се видат и да се смират.
Кавгата меѓу таткото и посвоениот син трае одамна. Откако Бред и Анџелина пред неколку години се карале во нивниот приватен авион, а Бред пијан му удрил шлаканица на Медокс, двајцата не разговараат. Овој инцидент беше и причината што Џоли поднесе документи за развод од Пит. Оттогаш, Бред и Медокс не се виделе, сè до овој викенд.
За потсетување, Анџелина Џоли го посвои Медокс во 2002 година од Камбоџа. Пет години подоцна, во едно интервју, таа изјави дека постои голема поврзаност меѓу Бред и Медокс и дека тој почнал сосема случајно да го вика „тато“.