Видео од две момчиња кои се тепаат среде бел ден во Капиштец, додека стотина други навиваат, се рашири по социјалните мрежи. Снимката ја направил еден од присутните и наликувала на бокс-меч на отворено.
Очевидци велат дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто. во прилогот сведоци говорат дека во борбите учествувале и постари лица, се правеле облози, а имало и судии.
И покрај тоа што било пријавено во полиција и по една недела од настанот, МВР сѐ уште го истражува инцидентот. Снимката ја направи Институтот за комуникациски стидии во соработка со МТВ1