Американската глумица Сузан Сарандон во новиот филм The Jesus Rolls сними секс сцени со двајца мажи. 73-годишната Сузан со ова ги изненади своите обожаватели, кои коментираа дека не очекувале да ја видат во ваква улога, особено не во осмата деценија. Во филот, Сузан се бакнува со актерите Боби Канавел и Џон Тортуро, а потоа тројцата заспиваат голи во кревет, пишува „Дејли мејл“, кој прв објави неколку слики од снимањето.
Пред две години актерката се пожали дека порно-филмовите биле насилни и неинтересни.
„Сè е приспособено на машкото видување. Ако некогаш снимам секс-сцена ќе покажам како изгледа реалниот секс“, рече таа.
Глумицата тогаш откри и дека планира да се посвети на порнофилмовите кога ќе наполни 80 години и тврди дека сите моќни жени мора да се поддржуваат едни со други.