Најновата облека на модната дизајнерка Викторија Бекам ги покажа најновите панталони од нејзиниот моден бренд. Фотографиите од неа во нејзиниот дом во Лондон, предизвика збунувачки коментари на социјалните мрежи.
Поранешната Спајс-девојка на себе имаше бела кошула во викторијански стил, бел блејзер, црнa пеперутка-машна и бели панталони од нејзината нова линија СС20 (SS20), која официјално ќе ја промовира следната недела.
Таа на својот инстаграм-профил објави фотографија од својот дом во Лондон.
„Ангелите на Чарли? Вечерва излегувам облечена во мојата нова колекција VBSS20, која почнува од следната недела. Бакнежи, В. Б.“, напиша Викторија.
„Ми се допаѓа! Но, може да паднеш со тие пантолони, те молам, внимавај. Твоите панталони се на подот. Како може да оди во нив? Внимавај како газиш“, беа само некои од коментарите на социјалните мрежи.