Популарниот бенд „Електрични оргазам“ ќе одржи концерт во Скопје на 26 март во Младинскиот културен центар. Концертот е во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот.
„Еден од најкултните, најавангардни и најдобри југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи ‘Електрични оргазам’ за музиката“, велат организаторите „Авалон продукција“.
Билетите по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба утре, 11 февруари, во 9 часот наутро, а достапни ќе бидат во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн.