Лош крој, преголем фустан или несоодветна боја на моделот се само некои од причините поради кои славните дами многу лесно можат да се најдат на пописот на најлошо облечени на Оскарите.
Иако подготовките за најважниот црвен тепих во календарот траат со недели, па дури и месеци, сепак потрошеното време не е гаранција дека одбраниот фустан ќе биде и добро решение.
Некои дами се одлучија да ризикуваат и на црвениот килим да се појават во одважно издание кое во потполност им ја сокри нивната силуета.
Со тоj пристап се послужи американската комичарка Кристен Виг, која предизвика вистинска расправа на друштвените мрежи поради својот предиминезионален фустан во црвена боја од брендот Валентино.
Во негативно светло се расправаше и околу фустаните на Сандра Оу и Маја Рудолф, а многу критики прими и Блек Чајна за деколтираниот фустан од црно кадифе кој ја нагласуваше нејзината тетоважа.
Која славна дама највеќе потфрли со изборот на фустан на овогодишните Оскари според вас?
Маја Рудолф
Блек Чајна
Грета Гервиг
Пенелопе Круз
Оливија Колман
Леа Сејдокс
Гал Гадот
Сурша Ронан
Кристен Виг
Сандра Оу