Потребни состојки:
500 мл слатка павлака
250 г ресани
200 г кекси по ваш избор
100 г бисквити
малку млеко за натопување на кексите
За прелив:
100 г чоколадо за готвење
100 г маргарин или путер
2 лажици масло
Начин на подготвување:
Исечете ги јафа бисквитите на коцки, а другите кекси искршете ги. Изматете ја слатката павлака, поделете ја на два дела, па во секој измешајте ги приготвените кекси (во едниот јафа, во другиот кексите). Во тркалезен калап за торта, на дното и на страните наредете бисквити претходно малку натопени во млеко. Во калапот излејте ги смесите со бисквити и израмнете. Помеѓу нив можете да ставите уште еден слој бисквити. Ставете во фрижидер малку да излади. Растопете чоколадо со путер и малку масло. Измешајте и почекајте глазурата малку да излади. Прелијте ја тортата, па вратете во фрижидер убаво да се олади пред послужување.