Во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија, вчеравечер во МКЦ беа доделени наградите „Златна рамка“ за филмски автор, филмски актер и филмски работник на годината.
Наградата за филмски автор на годината ја доби дизајнерот на звук, Игор Поповски; наградата за филмски работник на годината ја доби асистент костимограф/гардеробер, Ирена Јовчевска; додека наградата за филмски актер на годината ѝ е доделена на Сара Климоска која глумеше во филмот „Врба“ на Милчо Манчески.
Филмскиот фестивал „Златна рамка“ се одржува втора година по ред, а овојпат беше фокусиран на жената во филмот. Во текот на фестивалот беа прикажани и сите македонски филмови што беа снимени минатата година.