Прославата на 60 роденден на јапонскиот цар Нарухита е откажана поради опасноста од преносливиот смртоносен коронавирус. Опасниот вирус предизвика паника кај јапонското население, па поради стравот дека може да се рашири, прославата е откажана, пренесоа од прес-службата на царот.
„Мораме да ги земеме во предвид сите можности и ризици, за брзо ширење на коронавирусот“, изјавил шефот на службата Јашухико Нишимура, на прес-конференција на новинарите, пренесува „Кјодо“.
Царот Нарухито и неговата сопруга царицата Масако, требало да ги поздрават граѓаните три пати во неделата утрото, заедно со престолонаследникот Фумихито и неговата сопруга Кико и нивните ќерки Мако и Како.
Роденденското обраќање било планирано за во недела, треба да биде прв говор на Нарухита, откако го наследи тронот на 1. мај минатата година. Неговиот татко, поранешниот цар Акихито, бил првиот јапонски монарх во изминатите 200 години кој абдицирал и се повлече на 30 април 2019 година.
Царското роденденско обраќање последен пат било откажано во 1996 година за време на царувањето на Акихита, поради заложничка криза во јапонската амбасада во Перу. Околу 82.000 луѓе присуствувале во 018 година во Царската палата, на последното роденденско обраќање на царот Акихита.