Младенци од Требиње, град во република Српска, ги срушија сите рекорди на ова место. Тие се венчале во саботата, а останале во брак само три дена. Двајцата веднаш поднеле барање за развод наредната среда. Досега најкраткиот брак во република Српска траел 13 дена, а најдолгиот 70 години.
Според анализата на Заводот за статистика, трите најдолги бракови во Република Српска во 2018 година, траеле 50, 54 и 70 години. Најкраткиот брак кој завршил оваа година, траел само два месеци.
На прашањето зошто некои бракови траат кратко, а некои подолго, психологот Анела Хасанагиќ вели дека одоговор треба да се бара во еден од сопружниците.
„Зрелоста е подготвеност на поединците да се соочат со одредени животни предизвици. Некои за брак се зрели и на 20 години, а некои не се ни на 40 години. Иако ние културолошки имаме јасни старосни граници и одреденици, кога станува збор за венчавките. Поради тие културолошки и социјални притисоци, често младите двојки влегуваат во брак целосно неподготвени да се соочат со она што заедничкиот живот го носи. Тоа бара од секоја страна компромиси и подготвеност за разбирање и јасно артикулирање на сопствените потреби, водејќи сметка и за потребите на другите. Оваа вештина ја стекнуваме низ животот, а нашите карактеристики, темперамент и каракатер го одредуваат еден специфичен склоп на секој од нас и начинот на кој пловиме низ животот и бракот“, објаснува Анела Хасанагиќ.