Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка за време на посетата во Обединетите Арапски Емирати влезе во џамија.
Во храмот „Шеик Зајед“ во Абу Даби таа влезе според правилата што ги налага муслиманската вера. Светските агенции пренесуваат дека Иванка која е еврејка, со нејзината посета во џамијата, ги затоплила односите меѓу различните вери во тој регион.
Обединетите Арапски Емирати, од неодамна им забранија на Израелците влез во земјата, поради антисемитичката политика. Иванка беше главен говорник на Глобалниот женски форум и тогаш се состана со принцот престолонаследник Мухамед бин Зајед ал Нахјан.
Светските агенции пренесуваат дека Иванка е една од првите еверејки која била почесен гостин на кралското семејство во Абу Даби. Таа ги пофали Обединетите Арапски Емирати за неодамнешните реформи, кои им дадоа поголема слобода на жените во земјата.
Иванка беше критикувана на социјалните мрежи. Многумина сметаат дека со нејзиниот избор на облека, таа ги навредила муслиманките, односно дека им дава лажна поддршка. Поединци сметаат дека наместо да им удоволува на муслиманските лидери, требало да организира протести.