Вчера продолжи судењето на холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој е обвинет за силување на повеќе од 80 жени. Филмскот продуцент се соочува со доживотна затворска казна, пренесуваат светските медиуми.
„Морате да одлучите на конечното прашање: Дали обвинителството ја докажа вината на обвинетиот“, им кажал судијата Џејмс Бурк, на поротата составена од седум мажи и пет жени.
Поротата во овој момент разгледува две обвниненија, кои ги поднеле поранешната глумица Џесика Мен и поранешната асистенка на продуцентот Мими Халеј.
Џескика го обвинила Вајнштајн за силување во 2013 година, а Халеј вели дека обвинетиот ја натерал на орален секс во 2006 година. Судењето кое почна на 22 јануари покрена серија прашања околу наводното сексуално злаоставување на Вајнштајн врз двете жени.
За време на сослушувањето, двете признале дека првиот пат доброволно се согласиле да имаат сексуален однос, но во следните неколку наврати Вајнштајн ги пронудувал. Адвокатскиот тим на продуцентот објавил низа на мејлови и текстуални пораки, преку кои може да се утврди дека двете жени продолжиле да имаат пријателски однос со Вајнштајн. Адвокатите на Вајнштајн тврдат дека односите се случиле со нивна согласност и дека тие го користеле сексот, за да напредуваат во кариерата.
Поротата сослуша уште четири жени, глумицата Анабела Сциора која сведочела дека Вајнштајн ја силувал во нејзиниот стан двапати во 1993 и 1994 година. Ова обвинение е застарено и може да се третира како одвоен злостор, но истото може да делува како оежнувачки фактор кој би одел во корист на серијата сериозни обвинувања на сметка на Вајнштајн.