Британската пејачка Адел се врќа на сцената на есен со нов албум. Речиси пет години по објавувањето на нејзиниот последен опус 25, во кој беше и тажната Hello, Адел планира годинава да се врати на сцената тврди магазинот „Варајати“.
Пејачката на When We Were Young изјавила дека очекува нејзиниот албум да излезе во септември. Изјавата ја дала после настап на венчавка на близок пријател во Италија.
Таму ја пеела Rolling in the Deep. И нејзиниот менаџер, наводно, изјавил дека е планиран нов албум за 2020 година.
Според NME.com, Адел потврдила дека снимањето е во тек.
Лани во мај , на нејзиниот 31-ви роденден, Адел на шега кажа дека нејзиниот следен албум ќе биде „тапани и бас“ и ќе се вика „30“. Пејачката со раскошен глас досега беше номинирана 18 пати за наградата „Греми“, а освои 15.