Поп-пејачката Бритни Спирс го скршила стапалото на ногата додека имала на танчерска проба, откри нејзиниот дечко Сем Асгари. Тој на „Инстаграм“ обави слика и видео од болницата, на која е заедно со пејачката, а откри и дека на гипсот ѝ оставил порака „посилна“, исто како насловот на еден од нејзините најголеми хитови.
„Кога нешто ќе скршиш, тоа зараснува посилно, особено кога си моја девојка. Мојата лавица скрши коска на стапалото правејќи тоа што најмногу го сака, танцувајќи. Ѝ посакувам брзо да се опорави за да може да скока, трча и танцува“, напиша Сем.
26-годишниот Сем и Бритни (38) се во врска неколку години. Сем ѝ беше голема поддршка на пејачката кога пред неколку месеци беше во клиника за рехабилитација. Тој ја поддржува и во правната битка со нејзиниот татко, кој сака да биде управител на нејзиниот имот.