Американските шпиони планирале да го киднапираат и отрујат основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж. Нивниот план било на крајот да изгледа како несреќен случај, пренесуваат светските медиуми.
Американските шпиони користеле сомнителни шпански приватни детективи. Ова било кажано на сослушувањето во судот во Лондон, каде се одвива рочиште за испорачување на Асанж во Америка.
Едвард Фицџералд, адвокатот за човекови права, на вчерашното судење додал дека бил планиран напад на Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон и дека истиот требало да изгледа како несреќа.
Фицџералд додал дека приватно обезбедување од шпанската компанија, која делувала во корист на американските власти, исто така е вмешана во „наметливиот и софистициран“ надѕор на неговиот клиент. Фицџералд објаснил дека истите биле откриени од „мистериозен ибериски разузунавач“, познат под ознаката Сведок број 2.
Тајното надгледување почнало наводно да се случува откако Дејвид Моралес се вратил од UC Globl, саемот за безбедност во Лас Вегас во јули 2016 година. Тој имал за задача информациите за Асанж им ги достави на лицата од таканаречената ‘мрачна страна’“, вели Фицџералд.
„Сите посетители во амбасадата, вклучувајќи го и Асанж, биле снимени со видео и аудиоопрема, која била поставена внатре во амбасадата. Станува збор за ласерски микрофони, тврди Фицџералд.
„Имало разговори за преземањеа екстремни мерки, како киднапирање или труење на Џулијан Асанж во амбасадата“, вели Фицџералд, потпирајќи се на доказите на Сведокот број 2.
„Моралес кажал дека Американците се очајни и предложил гостинот во амбасадата да биде подложен на екстремни мерки за ситуацијата да заврши“, вели Фицџералд читајќи ја изјавата на мистериозниот сведок.
Тој изјавил дека постои можност вратата од амбасадата да остане отворена за да киднапирањето да изгледа како несреќа, дури и се расправало за можноста за труење на Асанж.