Борис Џонсон се вери, британскиот пермиер чека и бебе

Британскиот премиер Борис Џонсон се вери со неговата девојка Кери Сајмондс, пренесуваат британските медиуми. Како што пренесува „Би-би-си“, двојката го чекаат и бебе.

Нивниот портпарол изјави дека Џонсон и Сајмондс сакаа што побрзо да ги објават убавите вести пред британската јавност. Тој објасни дека проценките на докторите биле дека Кери требала да се породи на почетокот на летото.

Ова ќе биде прво дете на британската двојка, пишува „Ројтерс“. Џонсон е прв британски премиер во последните 250 години, кој ќе се ожени за време на својот мандат, пренесува британски „Телеграф“.

 

Scroll to Top