Легендарниот пејач на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, по 20 години повторно глуми. Тој се појавува во филмот „Темнопортокалова ерес“, кој ќе ја има премиерата следната недела.
Филмот е трилер, а раскажува за интригите во светот на уметноста. Во филмот Џегер глуми богат уметнички колекционер опседнат со делата на еден осамен уметник. Тој почнува да кова завера против него, за да му украде вредна слика.
Филмот го режираше Џузепе Капотонди, а работен е по истоимениот роман на американскиот писател Чарлс Вилфорд. Главните улоги ги играат Доналд Сатерленд и Елизабет Дебицки.
Инаку, ова е прв филм на Џегер од 2001 година, кога глумеше во „Човекот од Елисејските полиња“. Тој досега глумел во десетина долгометражни филмови.