Глумецот Бен Афлек е во врска со шеснаесет години помлада глумица, пишуваат светските медиуми. Афлек веќе неколку месеци е заљубен во кубанско-шпанската глумица Ана Селија де Армас Касо.
Двајцата беа заедно за време на снимањето на еротскиот трилер во ноември 2019 година, во кој играа маж и жена.
Сега папараците ги снимиле заедно во родната куќа на Ана во Куба. Двајцата биле видени заедно и на вечера во познат ресторан во Хавана.