Нов тренд: Нанесување ајлајнер на сосема поинаков начин

Новата техника создава заводлив поглед.

 

View this post on Instagram

 

remind me where i know you from?

A post shared by Orion Carloto (@orionvanessa) on

Скоро сите жени го сакаат ајлајнерот, дури и оние кои не биле љубителки на овој мејкап производ. Неговата моќ се крие во правилното нанесување и кога тоа навистина сакаме да го направиме, добиваме заводлив поглед и фантастичен изглед.

Сепак доста жени со овој производ навистина мака мачат. Токму затоа, настанаа многу туторијали за начинот на нанесување на прецизни линии, идеалната мерка на нејзината дебелина, одредувањето добар агол и уште многу околу тоа.

Новиот тренд, наречен „graphic eyeliner look” сè повеќе е застапен во светот на убавината. Значи, овој изглед се постига на нешто сличен начин како и со обичното нанесување на ајланер, а разликата е што во овој тренд оставате само рамка во бојата која ја сакате.

Поради тоа е многу важно е да имате добра база на лицето кој нема да овозможи размачкување на ајлајнерот.

Како ви се допаѓа?

Scroll to Top