Дневен хороскоп за 13 март

ОВЕН 

Доаѓаат тешки денови за вас кога е во прашање работата. Загрижени сте најмногу поради финансиите. Пред вас е неповолен период за работа. Време е да донесете некои одлуки со партнерот. Се мислите дали сакате да продолжите да живеете заедно. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

БИК

Максимално посветете се на обврските кои се пред вас и нема да погрешите. За кратко време ќе успеете да ги остварите сите ваши планови. Ќе имате можност да ја прекинете врската со вашиот партнер, нешто што веќе подолго време го посакувате. Поведете сметка на здравјето и уринарниот тракт.

БЛИЗНАЦИ

Потребно ви е време за да ги решите сите проблеми кои ви се насобрале од изминатиот период. Неодлучни сте во изборот на вашиот партнер. Имате два избори и не знаете за која личност да се определите. Внимавајте на здравјето и обидете се да се смирите и да ја намалите нервозата.

РАК

Ефикасно ја завршувате работата. Вредни сте и тоа е нешто што вашите претпоставени го гледаат. Целосно сте посветени на решавање на проблемите и остварување на вашите планови. Оние кои се слободни ги чека период на нови познанства и почеток на врска. Внимавајте на здравјето и чувајте се од можни повреди.

ЛАВ

Заедно со соработниците ќе решите голем број проблеми и ќе дојдете до решенија кои ќе се покажат корисни за вашите кариери. Ќе запознаете нова личност од вашето поблиско опкружување со која ќе влезете во врска. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

ДЕВИЦА 

Ќе ја прекинете соработката од која не сте задоволни и ќе се обидете на поинаков начин да дојдете до посакуваната цел. Следува неизвесен период на деловен план. Го имате преболено вашиот поранешен партнер и сега сте подговени за нова врска. Внимавајте на здравјето. Би ви годела масажа.

ВАГА 

Конечно ќе го добиете долгопосакуваното унапредување. Ви претстои добар период на полето на работа. Низ комуникација со ваши блиски пријатели ќе запознаете голем број луѓе и потенцијални додворувачи, а можеби и шанса за нова врска. Внимавајте на здравјето и избегнувајте мрсна храна.

СКОРПИЈА

Ќе успеете да ги остварите сите ваши планови без никакви проблеми и пречки. Ги имате решено сите дилеми по прашањето на љубовта. Имате доверба во личноста со која сте во врска. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Ќе имате можност да научите нови работи. Деловната едукација и дополнителни курсеви во иднина ќе ви бидат од огромно значење. Односот со вашиот партнер е променлив. Не сте сигурни по кој пат да фатите и каде тоа ќе ве однесе. Внимавајте на здравјето и проблемите поврзани со крвотокот.

ЈАРЕЦ

Ги имате решено повеќето проблеми кои сте ги имале на полето на работа. Не би требало да очекувате  какви било компликации. Пред вас е поволен ден. Со вашиот партнер имате сосема добра комуникација и тука исто така не би требало да имате никакви проблеми. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите и мочните патишта.

ВОДОЛИЈА 

Размислувате да ја промените работата. Наскоро ќе ви се укаже нова можност за тоа. Ако сте слободни, ќе имате можност за нови познанства, флертувања и необврзувачки врски. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

РИБИ

Ќе имате можност да донесете важна одлука која ќе биде значајна за вашата кариера. Внимавајте во изборот. Обидете се максимално да се фокусирате на работата и во исполнувањето на работните задачи. Преку флерт ќе успеете да го освоите срцето на вашата симпатија. На повидок е почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.

 

Scroll to Top