Додека спортот во целиот свет е запрен поради пандемијата на коронаирусот, сите играчи се во карантин. Исклучок не е ни Новак Ѓоковиќ, кој додека е во изолација реши да направи маскенбал во својот дом и да се забавува со своите деца, синот Стефан и ќерката Тара.
Тенисерот се преправи во капетан Кука, главниот негативец во романот „Петар Пан“. Ѓоковиќ се послужи со старо цеде и лажичка во раката, а фотографијата што ја објави на социјалните мрежи за кратко време се рашири низ целиот свет.
„Моја верзија на капетан Кука“, напиша Ѓоковиќ под објавената фотографија.