Јапонија не сакала да ја откаже Олимпијадата, па го криела бројот на умрени од коронавирус

Теоретичарите на заговор сметаат дека властите во Јапонија намерно ги сокривале бројките на заразени од коронавирусот, само за да не се одложи Олимпијадата, која требаше да почне на 24. јули годинава.

Пред да се одложат Олимписките игри, Јапонија делуваше како земја која го држеше коронавирусот под контрола, иако заразата прилично се рашири во соседните земји.

Сега кога игрите се поместени за следната година, бројот за случаи заразени со коронавирус во Токио, нагло се зголемени, а властите бараат од луѓето да останат дома, дури и ја наговестуваат можноста да го затворат градот.

Овој пораст на број на случаи заболени во Токио и силните акции на владата, веднаш по одлагањето на Олимпијадата покренаа низа на прашања во парламентот и меѓу граѓаните за тоа дали Јапонија го потцени опсегот на избивање и ги одложи примената на мерките, надевајќи се дека Олимпијадата ќе почне во планираниот термин.

Кога Олимпијадата дефинитивно беше откажана, многумина сега изразуваат сомнеж дека бројот на случаи во Јапонија се зголемува, затоа што нема причина повеќе што да се крие.

„За да се остави впечаток дека градот има контрола над коронавирусот, Токио ги избгна строгите мерки и прикажување број на заболени од коронавирус многу помал од вистинскиот“, напиша на „Твитер“ поранешниот јапонски премиер Иукио Хатоиама.

„Коронавирусот се прошири дур чекаа. За градоначалникот на Токио, приоритет беше Олимпијадата, а не жителите на градот“, напиша тој.

Експертите открија дека во Токио, Осака и другите градски средини се зголемува бројот на случаи со коронавирус. Премиерот Шинзо Абе изјави во саботата дека Јапонија сега е на раб на голем скок на заболени, затоа што станува се потешко да се следи и држат кластерите под контрола.

„Едвај издржуваме во моменталната ситуација“, предупредил Абе.

Тој изјавил дека вонредната состјба засега не е потребна, но дека Јапонија во било кој момент може да се соочи со ситуација како таа во САД. Само еден ден по откажувањето на Олимпијадата, градоначалникот на Токио од своите сограѓани побара да останат викендов дома, објаснувајќи дека само во еден ден биле потврдени 41 случаи.

Токио во саботата пријави 63 нови случаи. Градоначалникот изјави ека инфекциите во градот се на раб на експлозивен пораст и дека потребни се посилни мерки, за да се спречи ширењето на вирусот.

„Дали е ова само случајност?“, праша Маико Тајима опозициски пратеник од Јапонската Уставна-демократска партија, за време на седницата на парламентот минатата среда, повикувајќи се на изненадниот скок на заболени од коронавирус во Токио.

Министерот за здравје Кацунбо Като изјави дека апсолутно нема врска меѓу одложувањето на Олимпијадата и бројот на потврдени случаи. Премиерот Абе изјави дека луѓето треба да бидат подготвени за долга битка.

Абе ги негираше наводите дека Јапонија манипулирала со бројките, ограничувајќи ги бројот на тестирани, или претставувајќи ги починатите од „Ковид-19“, како жртви на воспалени бели дробови.

„Сесен сум дека некои луѓе се сомневаат дека Јапонија ги крие тие бројки, но ве уверувам дека тоа не е точно. Ако постои било какво заташкување, тоа ќе се покаже во бројката на починатите луѓе“, изјавил Абе.

 

 

 

Scroll to Top