(Видео) Виктор Живојиновиќ славеше роденден

Синот на српската пејачка Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, синоќа го прослави 22 роденден. Тој роденденот го прослави дома, додека беше во изолација, заедно со Брена и Боба. Сите се сликаа со заштитни маски на лицето.

Се почестија со шампањ, а Брена на Виктор му подготви и торта. Пејачката се пофали на социјалните мрежи дека се радува шти има можност времето да го помине со синовите Виктор и Стефан, на кои им забрани да излегуваат поради пандемијата.

 

View this post on Instagram

 

Sretan rodjendan🎈💝🎊🎉

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

„Се дружиме како вистинско семејство. Тоа најмногу ми недостигаше. Знаете, здравјето на моето семејство ми е најважно. Сите активности ги откажав и го чекам развојот на ситуацијата“, изјавила Брена.

Таа се пофали дека времето кое го поминала дома, го посветила на себе си, семејството и домаќинството.

„Планирам да ги уредам сите делови од куќата и дворот. Но, не заборавив ниту на физичките активности. Во куќата владее одлична атмосфера“, се пофали неодамна Брена за српските медиуми.

 

 

Scroll to Top