Александар Маленко се разведе и со четвртата жена

Некогашниот пливач Александар Маленко се разведе и од четвртата сопруга, Фани. Со неа има два сина, која е од  Охрид. Тој денес во утринската емисија на Алфа, откри дека веќе некое време  не живеат заедно. Маленко зад себе има четири брака и пет деца.

Тој прво беше во брак со водителката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора од која доби и внук. Беше во брак и со актерката и поранешната директорка на театарот „Комедија“ Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил, а потоа се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михалова Фјодорова со која исто така има син.

Со четвртата сопруга, Фани, за која јавноста многу малку знае,  поранешниот пливач има два сина.

 

Scroll to Top