Кина ја крие бројката на мртви од коронавирус, дознава Белата куќа од свои шпиони

Кина ја крие вистинската бројка на мртви од коронавирус во нејзината земја, стои во класифицираниот извештај во Белата куќа, направен врз база на податоци добиени од американска разузнавачка агенција.

Тројца високи американски официјални претставници во средата го покажаа извештајот, додавајќи дека статистиката во истиот, за бројот на загинати и случаи заболени со коронавирус во Кина е неточна.

Разузнавачката едница го предала класифицираниот извештај до Белата куќа, минатата недела, објаснил еден од високите американски претставници за „Блумберг њуз“. Во извештајот е заклучени дека бројките кои ги пренесува Кина се лажни, пишува „Дејли Мејл“.

Избувнувањето на коронавирусот почна во Вухан, провонцијата на Хубеи во Кина на крајот на 2019 година, но Кина досега има пријавено само 82.361 случаи на заболени од коронавирус и 3293 смртни случаи. Ова значи дека Кина била помалку погодена од коронавирусот отколку САД, Италија и Шпанија.

Според досегашните следења на влијанието на вирусот, од Универзитетот „Хопкинс“, велат дека има повеќе од 190.000 потврдени случаи на заболени од коронавирус во САД и повеќе од 4000 смртни случаи.

САД имаат најголем број на пријавени заболувања од коронавирусот во светот. Оваа бројка вртоглавно се зголеми неделава, кога смртните случаи пораснаа од 1000, на 2000 за само еден ден.

„Реалноста е дека ќе излеговме многу подобро од Кина, ако оваа земја беше искрена во пренесувањето на бројките“, изјави потпретседателот Мајк Пенс во своето интервју за „Си-Ен-Ен“. Сепак тој призна дека Кинезите сега биле многу поискрени во извештаите со коронавирусот, во однос на другите болести кои избиле во минатото.

„Мислам дека реалноста е дека Кина сега беше многу потранспарентна во однос на коронавирусот, отколку што тоа беше случај со заразните болести кои избија во последните 15 години“, изјавил Пенс, кој ја предводи работната група за коронавирусот на Белата куќа.

Амбасадорот Дебора Беркс, имунолог на Стејт департментот, советувајќи ја Белата куќа, како дел од работната група за епидемијата, изјави дека јавното известување на кинеските власти за коронавирусот, влијаело на тоа, како и другите земји реагирале на оваа појава.

„Медицинската заедница ги толкуваше кинеските податоци како мошне сериозни, но мислам дека недостасуваа значителна количина на информации, па затоа сега имаме ситуација каква што имаме во Италија и Шпанија“, вели Беркс.

Шпекулациите за реалната бројка на смртни случаи во Кина, особено се зголемија откако властите во оваа земја претходниот месец соопштија дека повеќе нема нови случаи на заболени во Вухан, местото од каде изби болеста.

Сепак на социјалните мрежи се појавија низа на фотографии од купишта илјадници урни, надвор од погребните домови во покраината Хубеи. Исто така се појавија и прашања во врска со постојаното менување на методологијата на Кина за броењето и пријавувањето на случаите со коронавирусот и смртните случаи.

Со недели кинеските власти не ги броела асимптоматските лица, дури и ако истите биле тестирани позитивно. Само во вторникот во своите извештаи додале 1500 асимптоматски случаи повеќе во вкупниот број.

Додека скептицизмот продолжува да тлее околу начинот на кој Кина известува за коронавирусот, расте загриженоста кај западните власти за тоа дека и земјите како Иран, Русија, Индонезија, Саудиска Арабија, Египет и Северна Кореја, не пријавиле никакви случаи.

Државниот секретар Мајк Помпео побара на прес-конференцијата во вторникот поголема искреност и транспарентност од Кина и другите нации во врска со појавата на коронавирусот во нивните земји.

„Овој пакет на податоци ни е многу важен. Колку животи ќе спасиме зависи од можноста да имаме доверба меѓу себе и да добиваме точни информации за тоа што навистина се случило“, изјавил Помпео.

„Ја повикувам секоја нација да смогне сили и да собере податоци, а потоа истите да ги сподели. Ние тоа постојано го правиме“, додаде Помпео

 

 

 

 

Scroll to Top