Втора година по ред Кајли Џенер е најмлада милијардерка во светот

Кајли Џенер е втора година по ред најмлада милијардерка во светот, според светскиот економски магазин „Форбс“. Минатата година нејзиното прогласување помина со голем број контроверзи, затоа што јавноста сметала дека таа своето богатство го има стекнато благодарение на нејзиното семејство.

Но, таа бизнисот го нема наследено, туку самата го изгради, пишуваат светските медиуми. Џенер минатата година го симна од врвот, основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукенберг (35) кој својата прва милијарда ја заработи во 2008 година, на само 23 годишна возраст.

Во 2015 година Кајли ја започна својата козметичка линија Kylie Cosmetics продавајќи кармини за усни по цена од 26 евра. Комплетите биле распродадени за неколку минути од пуштањето во продажба, а тоа било јасен знак колку Кајли е моќна и на социјалните мрежи, каде ја следат повеќе од 270 милиони луѓе.

Во ноември минатата година продала 51 процент од својот бренд Coty Inc за повеќе од 500 милиони евра. Документите биле средени во јануари годинава, а целиот бизнис сега се проценува на околу една милијарда евра.

 

 

Scroll to Top