Раперката Чајна Роџерс почина од предозирање

Раперката Чајна Роџерс починала од случајно предозирање, пренесува британски „Мирор“. Таа и претходно говорела за својата зависност и борбата со дрогите кои ги имала на почетокот на својата музичка кариера. Во 2017 година, таа откри дека успеала да биде чиста три години.

Таа почина на 26 години, а сега многумина нејзини фанови се опростуваат од неа преку социјалните мрежи. Нејзиното семејство ја потврдила трагичната вест преку менаџментот, а причината за нејзината смрт е случајно предозирање, пренеле во јавноста полициските служби.

Пејачката била најдена без свест во нејзиниот дом фо Филаделфрија во средата. Итната помош веднаш стигнала, но осум минути по нивното доаѓање, тие ја прогласиле за мртва. Во заводот за јавно здравство ја потврдиле причината за нејзината смрт.

Роџерс ја почна кариерата како модел на 14 години. Подоцна почна да работи со музичкиот продуцент АСАП Моб, и да гради кариера како рапер. Нејзина најпозната песна е „Селфи“.

 

 

Scroll to Top