Домашно трилече

Потребни состојки:

2 чаши брашно
1 и 1/4 чаша шеќер
6 јајца
2 ванили
1 прашок за печиво

Прелив од млеко:

1 литар млеко
500 мл слатка павлака
150-200 г кондензирано млеко

За глазура:

готов карамел

Начин на подготовка:

Во два посебни сада се разделуваат белките од жолчките. Жолчките заедно со половина од шеќерот и 1 ванила убаво се матат, а белките се матат со останатата половина од шеќерот и другиот ванилин шеќер. Двете смеси потоа се соединуваат. Во посебен сад се меша брашното со прашокот за печиво и постепено со лажица се додава во смесата со јајцата. Смесата убаво се меша со дрвена лажица и се става во тава за печење. Се пече 10 минути во претходно загреана рерна на 200 степени, а потоа се намалува температурата на 170 степени и се пече уште 20 минути. Откако ќе биде готов пандишпанот се остава малку да се излади, потоа со чепкалка за заби прават дупчиња. Сите три видови млеко убаво се мешаат во длабок сад додека да се изедначи смесата, се мешаат со лажица, не се матат со миксер. Малку од преливот се истура во тавата во која претходно се печеше пандишпанот. Потоа во тавата се става изладениот пандишпан и одозгора се прелива со останатиот прелив. Се остава неколку часа да ја впие течноста, па се премачкува со готов карамел.

Scroll to Top