Куркумата има многубројни позитивни влијанија врз здравјето на луѓето. Помага да го подобрите варењето, ја обновува цревната флора, го чисти црниот дроб, ги намалува болките од менструацијата. Исто така, го стимулира метаболизмот, ги регулира високиот крвен притисок и нивото на лошиот холестерол.
Чајот од куркума се подготвува едноставно:
¼ супена лажица куркума
1 шолја топла вода
сок од половина лимон
прстофат цимет
малку мед
една супена лажица кокосово масло
Откако ќе ја загреете водата, додајте ги куркумата, сокот од лимон и медот, лажицата кокосово масло и добро измешајте. Куркумата ќе падне на дното од шолјата, па додека не го испиете чајот, постојано мешајте го. Пијте го чајот додека е сѐ уште топол. Чајот треба да го пиете секој ден или барем трипати неделно.
Куркумата содржи куркумин, кој е многу силен антиоксидант и одличен природен аналгетик. Куркумата содржи витамини Б6, Б3, фолна киселина, но и минералите калиум, железо и манган.
Дневната препорачана количина куркума изнесува од 3 до 10 грама, а со време може да се зголеми уште малку. Околу 1 лажица куркума е препорачаната дневна доза за возрасни. Повозрасните лица и децата помлади од 6 години не треба да земат повеќе од 1/2 супена лажица еднаш неделно.