(Видео) Ѓорѓе Давид од „Гранд“ ја скрши ногата

Српскиот пејач Ѓорѓе Давид познат како член на жирито во „Гранд“ ја скрши ногата, пренесуваат српските медиуми. Тој преку социјалните мрежи извести дека повторно завршил во болница, откако беше заболен со коронавирус.

„Ете, ја скршин ногата. Е сега дефинитивно нема малер за мене во наредните неколку години. Еден мал чекор и тоа е тоа“, напиша Давид на споделената снимка на „Инстаграм“.

„Кога те сака, тогаш те сака. А таман завршив со коронавирусот“, порача Давид во видеото и откри како дошло до незгодата.

„Бев на снимњето на утринската програма и додка траеше телефонското вклучување, бев замолен од организтаорите да го поместам возилото. За да бидам брз, излегов од студиото трчајќи и заборавив на скалите на излезот. Трчајќи се вратив назад, несвесен дека сум ја скршил ногата. Ми беше важно зглобот да не ме боли“, изјавил Давид за српски Блиц и објаснил дека кога дошол дома сватил дека ногата му е отечена и дека мора да оди во болница.

Музичарот неодамна на гостувањето во емисијата на „Амиџи шоу“ го објасни своето искуство со коронавирусот.

„Почнав да слушам зуење во ушите. Почнаа да ми солзат очите и да ми излегува слуз од носот. Температурата се влоши. Почнав да се тресам. Потоа почнав да ми трне целото тело. Од главата до петите, чувствував како некој да ме штипе. Температурата ми беше 39 степени. Имав чувство дека ме нападнале демони“, објаснил Давид.

 

 

Scroll to Top