Славниот голфер Тајгер Вудс барал од Мајкл Џордан секс-совети и го прашувал како да фати девојка. Сето ова се случувало пред да избие секс-скандалот на Вудс, заради кој голф-изграчот се разведе од сопругата Ерин. Двајцата славни спортисти имаа невообичаени секс-скандали во своите кариери, а Џордан открива дека на голферска партија со Вудс, тој побарал совети од него.
57-годишната легенда на „Чикаго булс“, во новата серија „Последниот танц“, кој се фокусира на неговата кариера, вели дека го посоветувал Вудс што да прави.
„Му кажав само да оди и да им каже да дамите дека тој е Тајгер Вудс“, вели Џордан за случката од 1996 година.
44-годишниот Вудс тогаш имал само 20 години. Откако стигна до низа победи на гренд-слем турнирите и стана најдобриот голф играч на сите времиња, во 2009 година беше во центарот на невообичаен секс-скандал поради кој се разведе од неговата тогашна сопруга Елин Нордегрен, со која има две деца. Нордегрен му ги пронајде пораките на Вудс со голем број проститутки и стриптизети, по што го избрка од нивниот дом.
И шесткратниот НБА-шампион Џордан имаше проблеми со жените во кариерата. Во 2006 година, тој мораше да оди на суд откако неговата поранешна љубовница Карла Кнафе, бараше од него 5 милиони долари бидејќи ја криела нивната врска. Џордан наводно претходно ѝ платил 250.000 долари за да молчи за врската.