Се надеваме дека тешкиот период на изолација, која следеше поради пандемијата од вирусот, брзо поминува и дека повторно ќе можеме слободно да се прошетаме. Секако, во омилените модни парчиња на чии новитети се радуваме секоја сезона. Пролетта е дефинитивно годишно време на кое најмногу се радуваме, а имајќи предвид дека не успеавме да набавиме нови модни парчиња, за главните аутфити оваа сезона сигурно ќе ви бидат потребни оние кои веќе ги имате во плакарот.
Акцентот за ова лето се сведува на здолништата во сите варијанти и класичните маички. Тоа ќе биде непогрешлив избор, како и пантолоните со широк крој во комбинација со кошула.
Ви ги претставуваме едни од најинтересните стајлинзи за високите температури, а сигурни сме дека ќе ви послужи како инспирација за вашиот стил.