Поп-пејачката Антониа Гиговска се подготвува за онлајн концерт што ќе го одржи во недела.
„Концертот е закажан за недела, во 20 часот, а ќе го одржиме на плоштадот во Автокоманда. Публиката ќе може да го гледа во живо и преку Инстаграм, Фејсбук и на Јутјуб. Ќе настапам со мојот бенд“, раскажа Антониа за „Репортер“.
Пејачката повеќе од една година настапува со бендот на Тоше. Таа на концертот, освен своите ќе пее и македонски и светски хитови што се дел од нејзиниот репертоар. Меѓу нив се и неколку песни од Тоше.
(А.Ј)