Кралското бебе Арчи со поинаква забава за првиот роденден

Синот на принцот Хари и на Меган Маркл, Арчи, на својот роденден ќе биде во друштво на своите родители и како и  двете домашни кучиња, поради мерките за изолација.  За Арчи првиот роденден ќе биде многу поинаков од она што првично го планирале неговите родители бидејќи  семејство продолжува да се придржува кон мерките за изолација во Лос Анџелес, градот во кој сега живеат.

„Арчи се радува на домашни миленици и е навикнат на нив. Без можност за друго друштво, мислам дека тие се неговите најдобри пријатели во моментот – вели кралскиот експерт Кејти Никол.

Меган и Хари поседуваат две кучиња, англискиот трагач Гај и лабрадорот Оз.

Кејти Никол верува дека денес Арчи може да да ужива во домашна торта подготвена Меган.

„Меган е неверојатна готвачка и сака да биде креативна во кујната, така што мислам декатаа  ќе ја направи тортата на  Арчи за роденденот кој е оваа недела. Тортата ќе биде органска и можеби без шеќер. Нешто соодветно здраво за едногодишно дете. Ако времето е добро, мислам дека ќе има и плискање околу и во базенот – смета Никол.

Славеникот Арчи, најверојатно ќе има серија телефонски повици од Велика Британија, од кралицата, принцот Чарлс и од братучедите од Кембриџ кои се подготвуваат да му посакаат среќен роденден на Арчи, вели експертот.

– Кралицата ќе му посака среќен роденден оваа недела преку Зум, како и братучедите од Кембриџ. Тие не го виделе својата  со месеци, па однапред се радуваат да го видат колку е пораснат – додава Никол.

 

Обожавателите на Меган и Хари во последните неколку недели собираа пари за да го одбележат роденденот на Арчи.

Арчи е осми правнук на кралицата Елизабета Втора. Кралицата објави слика на профилите на кралското семејство на Твитер и на Инстаграм, направена кога се сретнала со Арчи во замокот Виндзор по неговото раѓање.

Таа покрај сликата напишала „Среќен роденден на Арчи Маунтбатен Виндзор, кој денес го слави својот прв роденден! „Арчи е осмиот правнук на кралицата“.

 

Scroll to Top