Ќерката на Синиша Михајловиќ, Викторија, напиша книга за нејзиниот татко. Таа во книгата „Синиша, мојот татко“, се осврнува на тешката битка која тренерот на Болоња ја водеше против леукемијата и односот кој го имал со нејзината мајка, сопругата на Аријана, со која Синиша е во брак 25 години.
„Никогаш нема да го заборавам тој 20 јули, кога мојот татко ни се јави ѝ ми објасни како стојат работите. Ми кажа дека направил некакви тестови и дека има чудна грозница. Чувствувал замор. Ми беше чудно, затоа што се работи за мојот татко, човек кој претходно долги години играше фудбал, се веселеше, трчаше, тренираше со екипата, шутираше и никогаш не застана во место“, вели Викторија, чиј живот целосно се променил по дознавањето на веста дека нејзиниот татко боледува од леукемија.
Викторија вели дека била толку бесна, што по дома почнала да ги крши сите работи кои ѝ се нашле при рака.
„Почнав да врескам во себе. Ги кршев сите работи пред мене. Ми беше многу тешко. Чувствував голема мачнина во себе. Чувствував дека ќе повратам. Ме болеше многу. Тогаш мајка ми го повика татко ми повторно за да ме смири. Ми се јави и ми кажа дека ме сака, но дека во овие моменти мора да бидам силна како и тој“, вели Викторија.
Таа во својата книга се осврна и на љубовта меѓу нејзината мајка Ариана и нејзиниот татко.
„Двајцата се фантастична двојка, која е излезена како од книга или филм. Отсекогаш сонував таква љубов, силна како нивната. Тоа не е вообичаена приказна за фудбалер кој се заљубува во манекенка“, стои во книгата која Викторија вели дека е преполна со емоции.
Книгата за нејзиниот татко, Викторија ја најави и на „Инстаграм“, а нејзината објава е планирана за 19. мај.
View this post on Instagram