Оскаровецот Ентони Хопкинс (82) призна дека станал зависен од социјалните мрежи додека е во изолација. Тој неодамна отвори профил на ТикТок и објави видео на кое игра на хитот на канадскиот рапер Дрејк. Откако заврши со танцот, тој ги имитираше колегите Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне.
„Ентони, секој ден ми даваш причина да те сакам. Најдоброто нешто што сум го видел денес”, беа некои од коментарите на видеото.
Хопкинс, чиј последен филм „Двајцата Папи“ беше номиниран за Оскар, веќе некое време не снима. Додека е во изолација на својот ранч, тој компонира музика, а се пофали и дека нацртал многу уметнички слики и дека сликањето му е голема страст.